Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat kocani stip16.01.2017  Наместо на почетокот на 2016, изградбата на долгонајавуваниот ескпресен пат од Штип до Кочани веќе доцни една година.

Слична е состојбата и со теренската реализација на проектот за браната Речани, каде освен пристапниот пат, до сега немаше други активности.

Токму поради тоа нејасна е потребата од организирање прес-конференцијата на пратеникот Иванов на која само беа повторени работите што на јавноста и се добро познати и што веќе беа кажани на неколку слични прес конференции во изминатите години, од кои едната беше пред околу еден месец, за време на предизборната кампања.

Причините за одложувањето на градежните работи на експресниот пат од страна на надлежните не беа јасно дефинирани, но доцнењето беше оправдано со запазување на правната процедура околу завршувањето на тендерската постапка.

Во април минатата година министерот за транспорт и врски рече дека по завршуувањето на постапката околу тендерот за избор на изведувач на работите, најверојатно до крајот на годината патот ќе почне да се гради.

- Јас очекувам дека во наредните три месеци ќе имаме комплетно завршен процес и потоа ќе почнеме, во втората половина на 2016 година и со изградба на експресните патишта, рече Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

Уште пред повеќе од три години се најавуваше дека во Програмата за изградба и модернизација на патиштата во Македонија за периодот 2013 – 2018 година е влезена изградбата на автопатска делница меѓу Кочани и Штип, во должина од 27 километри. Со оглед што до крајот на планскиот период има само уште една година, прашање е дали експресниот пат меѓу Штип и Кочани нема да влезе и во новата петгодишна програма од 2018 до 2023 година.

За браната Речани пак, теренските работи започнаа со изградбата на пристапниот пат пред две години, а конкретни активности на преградниот ѕид се најавуваа за 2016-та. Иако тендерот за избор на изведувач беше распишан на крајот на 2015, постапката се уште траеше во средината на 2016 година, за што зборуваше и министерот за земјоделство Цветков.

- Идната недела ќе одиме на вториот дел од конкурсот за изградба на брана Речани, односно финансиската понуда ќе ја доставиме до, мислам дека беа 5 фирми кои се заинтересирани за градба на оваа брана, ќе ја доставиме и очекувам дека за еден месец веќе да биде избран изведувачот на работите на браната Речани. Знаете дека патот оваа година треба да биде завршен, рече Михаил Цветков, министер за земјоделство.

По завршувањето на тендерската постапка за изведувач на изградбата на браната Речани беше избрана фирмата “Силекс неметали“, а за што исто така имаше реакции во јавноста.

Дали конечно годинава ќе почне да се гради круната на браната Речани ќе се знае по почетокот на градежната сезона, но претходно најверојатно ќе се почека на преговорите за составување нова влада.

T. Ajтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 165 гости и нема членови


web counter



qr code