Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

miki pecov krst19.01.2017  22-годишниот Мики Пецов од Кочани успеа меѓу дваесетте пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на Кочанска Река по повод празникот Богојавление - Водици.

Шест пати до сега се пријавува за овој чин и конечно упорноста му се исплати и му се насмеа среќата да го фати чесниот крст.

Најсреќниот Пецов со неговите другари според обичајот ќе ги посетат семејствата во градот, кои го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред сите присутни ја даде христијанската изјава и посака Бог да му дари здравје на него и неговите најблиски.

- Бог се јави – навистина се јави. Ова ми е шеста година како скокам по чесниот крст во Кочанска Река. Во 2013 и 2015 година заедно со моето друштво го фативме, тогаш не бев јас, бевме заедно, и сега ми се насмеа среќата и го фатив крстот и се надевам дека ќе ми биде среќна на мене и на сите луѓе. Во овие денови, до 31 јануари ќе ги посетам домовите во Кочани и после ќе го вратам крстот во кочанскиот храм. Искрено да ви кажам дека пред два дена сонував оти ќе го фатам крстот. Иако не верувам во сонови, сепак се исполни и го фатив, рече Мики Пецов, момчето што го фати крстот во Кочани.

Празнувањето на верскиот празник Водици во Кочани е еден од најмасовните црковно - верски манифестации. Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на Кочанска Река присуствуваа голем број верници. Чинот на потопување на чесниот крст и осветување на водата го изврши митрополитот брегалнички Иларион со свештеници од Брегалничката епархија.

- Бог се јави, честит и благословен и вечен празникот, најмногу здравје и спасение на сите луѓе и многу здравје радост и успех на момчето кое што го фати крстот. Посакуваме оваа година да му биде благословена, бериќетна и успешна, рече г. Иларион, Митрополит Брегалнички.

Годинава чинот на потопување на крстот помина без многу награди за момчето кое го фати. Причината е да не бидат наградите повод да се пријавуваат момчињата за скокање, туку верата во Бог. Од градоначалникот Ратко Димитровски доби златник, а од кочанскиот храм Свето писмо - Библија.

Оваа година награди додели и фармацевстката компанија “Зегин“ која што на момчето што го фати крстот му додели телевизор.

- Традицијата која што ја имаме во Кочани продолжува, гледам една голема масовност на Водици и на сите празници. На момчето што го фати крстот му посакувам голем успех и среќа а на сите граѓани кои што имаат именден или куќна слава им посакувам многу успех во животот, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Пред одржување на чинот на потопување на чесниот крст во храмот „Св. Вмч Ѓорги“ се одржа Света божествена литургија по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот каде се потопуваше крстот. Успешно помина и лицитацијата на иконите и крстот, а оние кои што ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови 40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code