19.01.2017 Годинава Сашко Николов од Зрновци го послужи среќата и имаше најмногу успех во фаќањето на крстот што беше фрлен во реката Зрновка.
Голем број православни христијани од Зрновци, Мородвис и Видовиште присуствуваа на свечениот чин на водосветот што се изведе на мостот на реката кај основното училиште “Синиша Стоилов“.
Десетината млади зрновјани не ги спречи студената вода да учествуваат на традицијата што во слава на христовото крштевање овде се изведува со години наназад.
- Јас сум Сашко Николов, трет пат скокам во водата и им посакувам на сите што не ја посетиле оваа традиција, да ја посетат, а прв пат го фаќам крстот. На сите им посакувам многу здравје, среќа и се, рече Сашко Николов.
На среќниот Николов, кој успеа да го фати светиот крст, градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков од име на Општината му додели подароци посакувајќи му здравје, успех и среќа во животот.
- Еве, нашиот парохиски свештеник ги освети водите на реката Зрновка преку фрлањето на крстот. Имаше 11 учесници, на најсреќниот и најхрабриот му посакувам многу здравје и среќа, тоа беше Сашко Николов. Исто така на сите граѓани им го честитам овој голем ден и им посакувам многу здравје и среќа. Од Општината исто така доделивме една богата награда на добитникот на крстот, така што традиционално ова го правиме и јас навистина му посакувам многу среќа во годината, рече Блаже Станков, градонаалник на Општина Зрновци.
Николов доби благослов од Македонската православна црква и многу честитки од своите сограѓани. Заблагодарувајќиуи се за желбите рече дека планира да продожи да учествува во одбележувањето на празникот Водици.
Т. Ајтовски
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.