Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

televizii gledanost20.01.2017  Телевизија Канал 8 регистрирала вкупна просечна гледаност од 3,57% во 2016 година со што има најголем процент на гледаност меѓу локалните телевизиски станици во регионот Д3 Туртел, односно во источниот дел од државата.

Истовремено со овие податоци таа е меѓу најгледаните три локални телевизии во Македонија во 2016 година.

Таквите сознанија произлегуваат од извештајот што неодамна го објави државната Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Македонија за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на ТВ станиците. Прегледот на уделот на локалните ТВ канали во вкупниот број на канали што ги навеле испитаниците од територијата на Општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци и Пробиштип, покажува дека Канал 8 е за двојно погледана од останатите локални телевизии.

Она што дополнително е карактеристично е што програмата на нашата телевизија има поголема гледаност дури и од некои од регионалнте ТВ станици во источниот регион, кои освен преку кабел се емитуваат и терестријално, односно објективно имааат поголема достапност до публиката. Во однос на структурата на лицата кои ја следеле Канал 8, околу 84% од гледачите биле од женскиот пол, што е за околу 6 отсто повеќе во однос на мажите, а возрасната категорија која најмногу ја следела нашата програма е меѓу 25 и 60 години.

Дека Канал 8 е и меѓу трите најгледани локални телевизии во Македонија, потврдува споредбата со телевизиските станици во другите региони во државата во кои сличен процент имаат телевизиите Орбис во битолскиот и Канал 21 во велешкиот регион.

Кога ќе се земат предвид податоците од истражувањерто за гледаноста што го објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Макеоднија, во очи паѓа несразмерниот однос во финансирањето на телевизиските станици во регионот. Имено, според податоците што ги добивме од Локалната самоуправа на Кочани на пример, во 2015 година Канал 8 за извршените услуги од буџетот на Општината добила само 6000 денари, колку што изнесува и годишната обврска на телевизијата за фирмарина кон Локалната самоуправа, додека другата локална телевизија била великодушно наградена со над 868 илјади денари.

Оттаму, нејасно е по кој критеруим локалната власт во Кочани ја прави распределбата на парите на граѓаните, ако се има предвид дека процентоот на гледаност на програмите на локалните телевизиии е 2 спрема 1 во корист на Канал 8. Таква нелојална конкуренција нема во ниту една општина во Македонија, односно секаде каде што има две или повеќе телевизи градоначалниците се трудат рамномерно да ги распределат парите што граѓаните им ги дале на располагање.  

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code