Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

basket dino m1223.01.2017  Младите кошаркари на “Баскет Дино“ кои се натпреваруваат во М12 младинската лига се победници на меѓународниот зимски “Триглав куп“ што викендов се одржа во Скопје.

На турнирот чиј организатор беше кошаркарскиот клуб “МЗТ“, покрај домаќинот и нашата екипа, учествуваше и екипата на “Водно Санс“ од Скопје, како и претставници од Бугарија и Србија.

Со оглед што се работи за еден од најсилните турнири во Македонија за кошаркари од генерацијата 2005/2006, успехот на “Баскет Дино“ е уште позначаен, особено што во првото коло кошаркарите од Кочани ги совладаа своите врсници од “МЗТ“ од Скопје и “Буба Баскет“ од Софија.

Со истото темпо тие ги одиграа и полуфиналните средби при што беа убедливо подобри од екипите на “Актавис академија“ од Лесковац, Република Србија и од “Балкан“ од Ботевград, Република Бугарија.

Во финалната средба кошаркарите на тренерот Сашо Лазаров се сретнаа со силната екипа на “Водно Санс“ и не дозволија никакво изнанадување. Во текот на целиот натпревар тие ја имаа иницијативата и постојано беа во водство, со што на крајот славеа и висока победа од 61:46.

Учеството на турнирот во Скопје беше добра можност за проверка на подготвеноста на нашата екипа пред продолжението на пролетниот дел од првенството, во кое се наоѓа во врвот на табелата.

За викендот што следува пак, младите кошаркари со истата екипа ќе учествуваат на уште едно меѓународно натпреварување. Се работи за минибаскет фестивал “Рајко Жижиќ“ посветен на некогашната легенда на југословенската кошарка, а што по 17. пат ќе се одржи во Белград.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 135 гости и нема членови


web counter



qr code