Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prevoz avtomobili25.01.2017  На 4 лица им се издадени решенија за задолжување, односно за докомплетирање на документите за легален превоз.

15 диви такси превозници се казнети во 2016 година и за нив е поднесено барање до Судот за поведување прекршочна казна, а едно лице е казнето и веднаш има постапено по решението ја платиол казната во определениот рок, информира Јордан Гицов, сообраќајен инспектор во општина Кочани.

Сообраќајните инспектори заедно со полициски службеници од Полициската станица - Кочани постојано излегуваат на терен со цел затекнување на лицата за вршење нелегален превоз на патници.

Но и покрај тоа што инспекторите и полицијата работат постојано на терен, сепак мал број ги фаќаат на дело затоа што со голема брзина се шири веста дека инспекцијата е на терен и дивите таксисти веднаш се кријат.

Непознат е бројот на дивите таксисти кои нелегално работат во овој регион, но има и легални таксисти со несоодветни лиценци за работа. Од друга страна законот не налага одземање на возилата и затоа оди потешко. Гицов додава дека дивите таксисти не ги оштетуваат граѓаните со наплата на поскапа тарифа, туку оштетата ја трпат легалните таксисти затоа што тие чекаат патници на одредени места за такси возила, а дивите ги има насекаде и полесно доаѓаат до патници. Инспекторите апелираат за соработка со легалните таксисти, односно да ги информираат инспекциските служби за појава на диви таксисти за да благовремено се реагира и да се санкционираат тие појави.

Што се однесува апелот за граѓаните , инспекторите ги замолуваат да внимаваат во какво такси возило се возат и да не се качуваат во необележани возила од причина што и сигурноста им е намалена и дополнително се малтретирани на патот од страна на инспекциите кои мора да го потврдат дивиот такси превозник.

Гицов додава дека во наредниот период инпекциските служби ќе преземаат позасилени мерки на терен со цел воведување ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи и вели дека истите фатени диви таксисти и покрај изречената казна и понатаму некои од нив дрско се однесуваат и пак го употребуваат возилото и возат нелегално. Според Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превозбез соодветни дозволи и без лиценца. Освен глобата, предвидено е времено одземање на возилото во период од шест месеци до една година.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 130 гости и нема членови


web counter



qr code