Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina226.01.2017  Локалната самоуправа на Кочани се откажува од наплатата на побарувања од правни субјекти во општината во вкупна висина од околу 5,5 милиони денари.

Овие пари требало да влезат на приходната страна на буџетската сметка по основ на данок на имот, фирмарина и како надоместок за користење јавно-прометни површини. Меѓутоа фирмите кои што имале обврска за плаќање на давачките се нашле во стечај или биле ликвидирани, односно нивните сметки биле блокирани, па Општината немала начин за наплата.

Поради тоа е донесена одлука за отпис на побарувањата, за која на седницата на Комисијата за финансии и буџет имаше дилема дали биле исцрпени сите можности парите да се добијат.

- За да дојде до траен отпис потребно е да поминат 10 години, дали се преземани некои мерки за присилни наплати, опомени и слично, рече Слаѓана Донева, член на Комисијата за финансии и буџет.

Од Секторот за финансии на Општина Кочани рекоа дека за побарувањата од данок на имот од правни лица не се наплатени околу 106 илјади денари. Дел од овие пари се однесуваат на даночни обврски за 2006 година на 10 фирми во висина од околу 52.700 денари, како и за 12 фирми кои во 2007 не го платиле данокот во износ од околу 53.300 денари.

- Веќе се застарени, а пред тоа се преземени мерки и немаме наплата. За фирмарина предлагаме вкупен отпис во износ од 4.483,957 денари, тоа се побарувања од 2009 до 2013 година, различни се побарувањата што ги имаме по години и ова, според Законот за комунални такси се застарени побарувања и овие сметки на обврзниците со решение за забрана на користење на средства се блокирани и немаме можност за наплата, бидејќи тие се активни, односно не се ликвидирани, уште постојат во Централен регистар, но не работат. Значи, поднесуваат завршна сметка со нула, нема проток на средства на нивната жиро сметка и немаме начин за наплата, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Рашков рече дека поради истите причини Општината се откажува и од побарувања од фирмите во висина од над 920 илјади денари за користење на јавно-прометни површини. Притоа поголемиот дел, односно околу 600 илјади се за побарувања до 2010 година, а со оглед што не биле наплатени во рок од две години тие застареле.

Согласност за отпишувањето на побарувањата треба да даде и Советот на Општината наседнциата закажана за в петок.

 Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code