Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

basket dino belgrad31.01.2017  Две победи и златни медали за само десетина дена имаат младите кошаркари на “Баксет Дино“ од два значајни меѓународни турнири.

Со победнички пехар тие се вратија и од минибаскет фестивалот “Рајко Жижиќ“, што се одржа во Белград во спомен на некогашната легенда на југословенската кошарка.

Кошаркарите на тренерот Сашо Лазаров, од генерацијата 2005/2006 прикажаа одлична игра и техничка и кондициона подготвеност, поради што беа најдобри во својата категорија и го освоија првото место. До финалето тие стигнаа без пораз, победуваќји ги екипите на “Жарково“ од Белград, “Зворник“ од истоимениот град, “Младост“ од Чачак и претставникот на соседна Грција од Солун.

Во финалнатата средба “Баскет Дино“ за противник ја доби силната екипа на “Нови Београд“, но тоа не беше пречка да остварат нова победа со резултат 45:35 и да го обезбедат победничкиот пехар и златните медали.

Инаку, овој турнир во Белград се смета за еден од најсилните на овие простори за кошаркари во младинската конкуренција. Потврда за тоа е што на него учествуваа близу 3000 кошаркари од 250 клубови од балканските држави. Дополнителен доказ за неговото значење е што го отвори еден од најдобрите кошаркари и актуелен претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ, а присутно беше целокупното раководство на српската кошаркарска федерација.

Освен спортувањето, турнирот им овозможи на најмладите учесници од сите клубови да остварат дружење и размена на искуства.

По големиот успех на двата турнира, од “Баскет Дино“ се подготвуваат за учество на уште едно големо меѓународно натпреварување. Кон крајот на април се очекува победничката екипа од Кочани да гостува во Виена, Австрија, каде ќе се организира европски турнир во младинска и пионерска конкуренција.

Засега се уште траат преговорите, но повеќе од јасно е дека нашите млади кошаркари заслужуваат да го докажат својот талент и на пошироката европска сцена.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 135 гости и нема членови


web counter



qr code