Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

predlog ednonasocni ulici31.01.2017  На почетокот на февруари стапува во сила одлуката за измена на режимот на сообраќајот на неколку централни улици во Кочани. Тоа беше речено на седницата на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на која се разгледуваше ова и уште неколку слични прашања.

Всушност, предлогот што пред повеќе од половина година се разгледуваше и се најде на јавна расправа, веќе ќе почне и практично да се применува.

Се работи за воведување на еднонасочен сообраќај по целата должина на двете улици покрај Кочанска Река, како и уште на неколку важни сообраќајници во градот. Со одлуката еднонасочна, во правецот југ - север, од двојниот мост до плоштадот станува улицата “ВМРО“, додека во обратна насока, од плоштадот до кружниот тек кај Полициската станица целосно еднонасочна ќе биде “Кеј на Револуцијата.“

Исто така, еднонасочен сообраќај ќе има на улицата “Д-р Николиќ“, во правец север-југ, од Црвен крст до управната зграда на КЈП “Водовод“. Сообраќајот по “Илинденска“ пак, ќе се одвива само во еден правец, од Црквата кон средновековната кула, со можност за жителите од оваа улица без санкции да можат да вршат дотур на огревно дрво и други материјали. Еднонасочни ќе бидат и двата крака на улицата “Гоце Делчев“ кај Центарот за социјални работи и кај зградата на ЕВН.

Од Советот за безбедност во патниот сообраќај рекоа дека одлуката за измените започнува во февруари.

- Плановите се од 11 февруари да стапи измена во режимот на сообраќајот, а до тој период соодветно ќе бидат обележани улиците со хоризонатлна и вертикална сигнализација. По овој рок, до крајот на февруари ќе има период на прилагодување на возачите и учесниците во сообраќајот, со тоа што полицијата ќе ги предупредува за настанатите измени во режимот на сообраќајот, нема да бидат казнувани, а после 1 март ќе треба сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и прописите, рече Кирил Атанасов од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

На седницата беше разгледана и предлог-стратегијата на Републичкиот совет за безбедност во сообрачќајт, при што беа дадени предлози како таа да се реализира во нашата општина.

Присутните дадоа предлози и за одредени парашања за подобрување на безбедноста на пешаците, посебно на улицата “Стево Теодосиевски“, поранешна “Ленинова“.

- Ние ги разгледавме сите аномалии што се јавуваат во сообраќајот, за да ја зголемиме безбедноста на учесниците. Конкретно, дадовме предлог на улицата “Ленинова“ да се зголеми тротоарската површина, онаму каде што се наоѓаат пералните за возила, на тој потег да се издигне тротоарската површина, со што би била повоочлива и на тој начин да придонесеме за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, додаде Атанасов.

До почетокот на примената на одлуката за еднонасочен сообраќај ќе се изврши соодветно обележување на коловозот и ќе се постават сообраќајни знаци. Промена ќе има и во одвивањето на градскиот превоз, односно автобуските постојки ќе ги заменат местата и ќе се префрлат од спротивните страни на улиците.

Граѓаните ќе имаат и соодветни известувања преку медиумите за извршените промени, поради што се очекува по истекот на рокот да се почитува новиот режим на еднонасочен сообраќај.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 157 гости и нема членови


web counter



qr code