Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rabotlinica sport02.02.2017  Невладината организација “Summer work & travel алумни Македонија“ од Скопје на едно место седна повеќемина спортисти, спортски работници, педагози и други субјекти заинтересирани за развојот на спортот во Кочани, како дел од дводневната работилница “Спорт за сите“. Целта е да се поразговара за можностите за унапредување на работата на спортските друштва и подигање на нивото на спортување воопшто на ниво на општина.

Поддршка за проектот доаѓа од Европската комисија, поточно од Еразмус плус програмата, односно нејзиниот дел што се однесува за подобрувањето на спортот во земјите во кои таа е прифатена.

Организаторите на работилницата рекоа дека Кочани е само дел од мрежата општини што се вклучени во проектот.

- Сакаме да разговараме како може попаметно да се соработува за да се подобри активноста, односно да ја искористиме алатката спорт за општествено делување и подобрување на заедницата во Кочани. Овој проект се организира во 8 земји, меѓу десет партнери, при што во Македонија има две организации. Исто ваква активност имаше во Пехчево, Битола и Берово, а ние сме тие кои денеска ќе гледаме да помогнеме, да разговараме за ситуацијата во спортот во Кочани, рече Емир Слезовиќ, координатор на проектот “Спорт за сите“.

Според Слезовиќ, на работилницата ќе се изврши презентација на идеите за спортски иницијативи во Кочани, а главната цел на активноста е да се подигне свеста на јавните институции за спортот и физичките активности како ефикасен инструмент за подобрување на социјалниот капитал.

- Целта на овие два дена е заедно да ги собереме различните чинители на спортот, да дискутираме која е ситуацијата и да дојдеме со можни решенија со кои може да се подобри ова. Идејата е да се споделат и меѓународните практики, знаењата што ги имаме добиено преку овој проект во соработката со меѓународните партнери, но со цел да се размисли што може да се искористи конкретно за заедницата во Кочани, додава Слезовиќ.

Искуствата од досега одржаните работилници во другите градови се позитивни, односно низ разговорите бил покажан голем интерес за развој на спортот во локалните средини, посебно за спортски дисциплини што се помалку застапени, а би можеле да обезбедат поголема масовност, особено меѓу помладите.

Дводневната работилница “Спорт за сите“ завршува в петок.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 189 гости и нема членови


web counter



qr code