Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zvona pantelej skrseni02.02.2017  Лоша услуга им е направена на регистрираните претпријатија кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини, откако полицијата објави дека открила оти украдените ѕвона од манастирот во Пантелеј биле продадени како старо отпадно железо.

Во телефонската реакција по објавената изјава на СВР – Штип, легалните откупувачи велат дека полицијата не била прецизна во објаснувањето дека откриените предмети биле продадени кај некој од т.н. диви откупни центри, што само во Кочани ги имало повеќе од 10-тина.

Со тоа во јавноста се создал впечаток дека фирмите кои со децении се занимаваат со откуп на отпадни материјали се впуштиле во недозволен бизнис.

Таквата можност тие ја отфрлаат, со оглед што над нивното работење се врши постојан надзор од Управата за јавни приходи и другите државни институции, при што и за најмала откупена количина старо железо или друга суровина тие се задолжени да издаваат потврда, а исплатата на парите ја вршат единствено преку трансакциска сметка.

Освен тоа, дополнителна обврска им е кај надлежните органи да пријават ако забележат дека некој се обидува да продаде предмет со поголема вредност од воообичаената или истиот има сомнително потекло. Со тоа се исклучува можноста украдените црковни ѕвона од Пантелеј да биле откупени на легален начин.

Како што веќе информиравме, СВР – Штип во средата соопшти дека ги открила оти три лица од Кочани ги украле двете ѕвона од по 70 килограми манастирот во Пантелеј, по што ги искршиле и ги продале како старо железо за само 8.000 денари.

Со оглед што беа стари повеќе од 150 години, културно-историската вредност на ѕвоната е многу поголема од материјалната, поради што полицијата информираше дека поднела соодветни кривични пријави против сторителите.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code