Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nagradeni ucenici02.02.2017  На 13. Меѓународен поетски фестивал „Замокот на Дуино“ што се одржува во Трст, Италија учениците од ОУ „Никола Карев“ освоија специјална награда. Станува збор за светска манифестација на која што учествуваат училишта и поединци од цел свет. Од Македонија награди доби само ОУ „Никола Карев“ од Кочани.

Овој успех е за одбележување, дополнително што учениците од 31 март до 2 април ќе бидат гости на манифестацијата во дворецот на Дуино во Трст, кога и ќе им биде врачено признанието.

-Оваа година се твореше на тема „Моето наследство“ и ние со учениците одлучивме да твориме за наследствата кои што тие ги имаат добиено од своите баби и дедовци. Највпечатливо беше творењето на ученичката Наде Ефремова која што пишуваше за најголемото наследство кое што сите го добиваме а тоа е нашата земја и слободата, рече Љупка Стојменова, ментор.

Учениците од тимот Ивона Антова, Василија Коцева, Наде Ефремова, Елена Јакимова и Драгана Насева, задоволни од учеството и од специјалната награда и радосни што ќе можат да отидат по втор пат во Италија за да лично си ја подигнат наградата. Ова признание за нив претставува поттик да пишуваат и творат и понатаму и да создаваат дела за паметење.

- Јас и моите четири со ученички изработивме книга од сите наши литературни творби кои што беа на тема „Моето наследство“. Наградата ќе ни биде поттик и понатаму да пишуваме и да твориме, рече Наде Ефремова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

Учениците се претставија со изработка на своја поетска книга составена од песни на македонски и истите преведени на англиски јазик. Преводот на англиски јазик е на Панче Атанасов и Марија Дончева, професори по англиски јазик, а техничката изработка на книгата е на Благој Гранков. Од училиштето се надеваат дека и оваа година патувањето на учениците и менторот во Трст ќе биде финансиски поддржано од општина Кочани.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code