Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Podlog Kukja88

05.06.2013  Импровизиран ѕид од ќебиња, душеци и друг прирачен материјал е дел од скромната куќарка на семејството  Јорданови од Горни Подлог. На таков  начин сопственикот се обидел колку-толку да ја затвори големата дупка што се појави како резултат на поплавите што го зафатија регионот во февруари.

Скромниот објект тогаш не го издржа налетот на поројните дождови и влагата во ѕидовите, ѕидани со т.н. жива цигла. Во неговата внатрешност има само со една собичка во која живее четиричленото семејство. Примаат социјална помош и не можат сами да ја поправат штетата, па очекуваат помош од општината или од приватни фирми.

- Барам помош, да ми се даде помош, материјал, греди, летви, усјемал и цемент. Веќе имам добиено нешто преку СОУ “Гошо Викентиев“. Ми дадоа еден камион песок и 800 броја блокови. Сега за сега тоа е што имам, друг материјал немам, рече Јордан Јорданов, сопственик на куќарката.

Јорданови имаат две малолетни деца кои се школуваат, а двајцата родители се невработени. Помошта за реновирање на скромниот дом им неопходна сега, кога може да се гради.

- За овие два-три  месеци да гледаме да може  изѕида. Една соба ли, соба и ходниче ли, да се изѕида таму. Жива цигла е, ќе удрат понатаму дождови, ќе почне да попушта, ќе падне и тоа, рече Јордан Јорданов.

Веќе биле договорени и двајца мајстори-ѕидари од селото кои се согласиле без  надомест да помогнат во реконструкцијата на домот. Освен градежните блокови и песокот од средното училиште, Јорданови добија и помош во облека и храна од Центарот за социјални работи.

Во моментот кога се срушил ѕидот од куќарката внатре била сопругата, но за среќа поминала без последици.

Т. Ајтовски

Сподели

Podlog Kukja 1Podlog Kukja 2Podlog Kukja 5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 23 гости и нема членови


web counter



qr code