03.02.2017 Бидејќи нема ниту еден контејнер, жителите на село Грдовци ѓубрето си го собираат во вреќи. И покрај тоа, ѓубрето во ова село и понатаму насекаде е расфрлано и се шири голема смрдеа и нечистотија од расфрланиот отпад.
Жителите кои што живеат во близина на импровизираната мини депонија се пожалија дека се заборавени од службите на КЈП „Водовод“. Прашуваат се грижи ли некој за хигиената во Грдовци?
- Два ипол месеци од „Водовод“ не се доаѓале да чистат ѓубрето. Тоа многу пати се случува, секогаш околу празниците. И кога ќе го соберат се гледа дека останува голоем дел од ѓубрето неисчистено. Јас мислам дека тука треба да се ставен контејнер а во селото трееба да има најмалку три контејнерти, оти големо село е а нема ниту еден контејнер. Ова е срамота, ова е жива зараза за нас и за нашите деца, рече Билјана Данева, жител на Грдовци.
И подолу под оваа мини депонија, има направена и друга која што си ја создале самите жители кои што го фрлаат ѓубрето таму.
- Сите што живееме тука сме загрозени од расфрланото ѓубре. Само казни изгледа ќе биде решението, ништио друго. А од КЈП „Водовод“ не се доаѓале веќе два месеца, рече Драги Митев, жител на село Грдовци.
Жителите на ова село апелираат до службите и до комуналното претпријатие итно да преземат мерки затоа што многу бргу може да дојде до зараза.
Деновиве на ниските температаури и не само жителите на Грдовци, туку и граѓани на Кочани се пожалија дека ѓубрето во одредени делови на градот не е собирано повеќе од еден месец.
Од КЈП „Водовод“ рекоа дека постојано се на терен и редовно еднаш неделно го собираат сметот одф населените места, но апелираат на поголема одговорност на жителите кои што неконтролирано и несовесно го фрлаат ѓубрето каде што ќе им текне а со тоа си наштетуваат сами на себе.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
24°C
Кочани