Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm-vinica06.02.2017  Локалната самоуправа на Виница и нејзиниот актуелен градоначалник Емил Дончев во изминатите четири години не сторија ништо за да го подобрат живеењето на граѓаните. Главна цел им беше само задоволувањето на личните интереси, а не и на жителите на општината, се вели во реакцијата на ОО СДСМ – Виница, а во врска до неодамна јавно објавениот отчет за работењето на општинската власт и нејзиниот прв човек.

- Се што правеше локалната власт во изминатите години беше единствено во функција на задоволување на бизнис интересите на градоначалникот Дончев и соработниците околу него. Во неговиот отчет тој најмногу се фокусира на донираните канти за отпадоци за кои Општината не потроши ниту денар, исто како и котлите за греење кои се донации од странски фондации. Што се однесува до асфалтирањето на булеварот “Александар Македонски“, граѓаните знаат дека овде преовладува личниот интерес, а тоа е станицата за технички преглед “Ликеј“, каде еден од сопствениците е и Благој Стаменков, прв братучед на градоначалникот, кој работи во Општина Виница и е негова десна рака, рече Ивица Димитров, претедател на ОО СДСМ - Виница.

Во реакцијата на СДСМ од Виница се додава дека и поставувањето нов асфалтен слој и атмосферска канализација на улицата “Браќа Миладинови“ се реализирани со кредит, односно Општината не завршила ниту еден проект со сопствени средства.

- Треба да се напомене и дека во неговата бедна програма во која имаше два позначајни проекти, а тоа е целосно покривање на градскиот пазар и изградба на филтер станица во село Трсино, нема ниту трага, ниту глас. Во сите години на раководење со Општина Виница, Емил Дончев ќе биде запаметен како најнеуспешниот градоначалник на општината. Локалната власт се однесуваше исто како централната власт во заминување. Нивното владеење ќе биде запаметено по остварувањето на бизнис зделките и личното богатење, додава Димитров.

На крајот од реакцијата, претседателот на СДСМ од Виница вели дека граѓаните на општината и во целата држава одбрале промени и ставање крај на погубните политики на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ.

T. Aјтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 119 гости и нема членови


web counter



qr code