06.02.2017 Од почетокот на февруари Благојчо Стојановски повторно е назначен за в.д директор на ОУ „Никола Карев“ во Кочани.
На функцијата доаѓа на местото на досегашниот в.д директор на кочанското училиште, Веселинка Ампова која што шест месеци раководеше со установата, односно од 1 август 2016 до 31 јануари 2017 година.
Стојановски пред Ампова беше назначен за в.д директор на кочанското училиште и со установата раководеше шест месеци, по што откако не беше назначен за директор повторно работеше како одделенски наставник во истата установа.
Процесот на назначување на постојан директор на установата за 4 години се одложи и пролонгираше поради спроведените избори во земјава.
Стојановски во кусиот разговор за Канал 8 рече дека како в.д директор по втор пат, заложбите за училиштето ќе ги насочи на подобрување на условите за настава на учениците и вработените во училиштето, како и обезбедување на поквалитетна настава.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.