Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

resetka atmosferska kanalizacija06.02.2017  Опасен и нестабилен, вака граѓаните на Кочани го опишуваат испустот за атмосферската вода што се наоѓа над болницата во Кочани.

Посебно се жалат жителите кои што живеат во негова близина дека навечер не можат да спијат од звукот и трескањето што се создава при поминување на возилата.

Често пати, велат жителите, одредени делови од испустот се вадат, па отворот претставува голема опасност и за минувачите, но повеќе за возилата чии што возачи ако не го видат можат да го оштетат возилото, или со цел да го одминат или при преминувањето лесно да предизвикаат сообраќајна несреќа.

- Лабави се и тоа мора да се смени. Опасно е за минување а тоа го знаат возачите. Ако, не дај Боже, се извади некоја од решетките тогаш може да биде опасно и да се случи сообраќајна несреќа. И не е само оваа, вакви решетки има повеќе низ градот, се жалат жителите.

Со оглед на тоа дека станува збор за една од најпрометните улици во градот каде што во близина е и болницата, факт е дека гласот на народот и нивните молби надлежните во Oпштината треба да бидат слушнати и да биде преземено нешто.

Жителите кои што живеат во близина на испустот се обратиле до Oпштината која што е надлежна за ова, но не добиле одговор. Бараат итно решавање на проблемот, оти како што велат, да не се допушти да се случи несреќа, па тогаш задоцнето да се реагира.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code