Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fakultet14.02.2017  Седиштето на Правниот факултет на Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип само формално се наоѓа во Кочани. Најголем дел од наставниот процес и атрактивните насоки неколку години се префрлени во матичниот град, така што кај нас веќе не се чувствува студентската раздвиженост што ја имаше претходно.

Иако беше направена извесна замена на студиите на Правниот со оние од Економскиот, па и од Машинскиот факултет, факт е дека ефектот не се постигна, па бројот и на новозапишани и на оние студенти од повисоките години има тренд на постојано опаѓање.

Со тоа паднаа во вода најавите од предизборните кампањи на актуелниот градоначалник Димитровски дадени уште пред првиот негов мандат дека Кочани ќе стане академски град.

Тогаш се најавуваше можност овде високо образование да посетуваат околу 1000 студенти, што требаше да значи и извесно раздвижување од економски аспект, со оглед на очекуваните суми што тие би ги оставале за трошоци. 8-9 години подоцна, Правниот и останатите факултети во Кочани останаа подзаборавени.

- Точно е тоа, меѓутоа тоа е политика на Универзитетот “Гоце Делчев“ и јас се согласувам со вас, јас би сакал да ги имаме и Правниот и Економскиот, ама преговараме за тоа, ама тоа е одлука на Министерството за образование и пред се на Ректоратот на Универзитетот “Гоце Делчев“, рече Ратко Димитровски, градоначалчник на Општина Кочани.

Дали поради одлуката на управата на Универзитетот или поради слабото лобирање на нашите општински структури, од факултетите во Кочани остана само добрата желба и нереализираната замисла до крај.

Сепак, одговорот за ова уште пред пет години го даде тогашниот министер за образование, според кого уште пред отворањето на факултетите не се очекувало дека тие засекогаш ќе останат овде.

- Идејата е дека ако после 3 годоини се генереирани кадреи од една студиска програма  дека на тој начин е задоволено барањето од таков вид кадри во тоа населено место или пошироката околина. Со воведувањето на новите наставни програми, новбите дисперзирани студии да овозможиме различен профил кој директно и индиректно ќе помогне и на економиите во населените места каде што се наоѓаат овие дисперзирано програми, рече во авуст 2012 година Панче Кралев, поранешен министер за образование.

Дисперзираните студии на повеќето факултети се покажаа како економски неисплатливи поради малиот број запишани студенти и големите трошоци за доаѓање на професорите и останатиот наставен кадар.

Меѓу кочанци се шпекулира дека токму атрактивноста на насоките на Правниот факултет била една од причините што штипјани си го зеле под своја закрила. Како втора причина, по малку на шега, се споменува тоа што правни студии завршиле оние на кои им било неопходно оформување некакво високо образование, па откако тоа го добиле сега факултетот во Кочани и не е толку потребен. 

T. Ajтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 132 гости и нема членови


web counter



qr code