Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tragadija bojan115.02.2017  Нов случај на мистериозна смрт на младо момче од Кочани изутринава ги вознемири жителите на градот. Во еден од влезовите на зградите во Трговскиот центар околу 6 часот пронајдено е безживотното тело на 26-годишниот Бојан Ј., за кого е констатирано дека живее во стан во истиот објект.

Првичните сознанија се дека врз неговото тело имало видливи повреди, поради што веднаш била побарана лекарска помош.

- Екипата од итна медицинска помош излегла веднаш на лице место и установила смрт кај ова лице, рече д-р Иван Спанчевски од Здравствениот дом – Кочани.

Неколку часа траеше увидот на екипи од Полицијата и од Jавното обвинителство. Беше повикана и специјална екипа за форензика од Скопје. Сепак, надлежните не излегоа со официјална потврда дали станува збор за убиство или за несреќен случај, иако имало индиции дека можеби се работи за насилство.

Додека траеше увидот на полицијата, на новинарските екипи и на станарите што живеат во зградата не им беше дозволен ниту влез, ниту излез.

Граѓаните на Кочани се потресени поради неразјаснетите околности за смртта, а соседите рекоа дека момчето било мирно и немало никакви престапи.

- Детето секој ден го гледав, тука покрај мене минуваше, штета е за ваков случај што нема никакво објаснување, зошто, како, што е причината, за такво лепотанче... Греота е, како не е, тоа е младо, требало да живее... Жално е, како не, да изгубиш младо, рекоа граѓани од Кочани.

Сомневањата и на кочанци и на надлежните истражни органи за околностите поради кои настанала смртта треба да ги разјасни обдукцијата над телото на момчето. Засега никој не сака да прифати дека можеби насилство придонело да се изгуби уште еден живот на млад човек.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: WNW при 2 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 174 гости и нема членови


web counter



qr code