Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opsta BOLNICA vlez16.02.2017  Општа болница Кочани годинава ќе работи за 3 милиони денари поголем буџет од претходната.

Ланската година изнесуваше 113 милиони, годинава Министерството за здравство на кочанската Болница и одобри вкупен буџет од 116 милиони денари.

Средствата во главно ќе бидат искористени за реконструкција на болничките одделенија, како и набавка на нови апарати. Од овој месец се воведе и нова дијагностичка метода во лабораторија.

- Во декември 2016 година завршивме со комплетна реконструкција на болничките соби на интерно одделение, ги обновивме подовите во хируршката амбуланта и хируршката операциона сала, а годинава приоритет ќе дадеме на другите одделенија. Од овој месец воведовме и нова дијагностичка метода. Станува збор за алерго тестови кои што ќе се работат во нашата лабораторија, а ќе го адаптираме и прошириме просторот на лабораторија за да се овозможи подобар комфор на вработените и пациентите, рече Оливера Цимбаљевиќ, директор на Општа болница Кочани.

Дел од средствата, додаде Цимбаљевиќ, меѓу другото се планирани и за замена на прозорците од северната страна на болницата на кои што промена не им е извршена од изградбата на самата болница. Дел од средствата ќе бидат искористени и за набавка на нова медицинска и информатичка опрема.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 114 гости и нема членови


web counter



qr code