Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bolnica pacienti17.02.2017   И понатаму продолжува големиот проблем со кој долги години се соочува Општа болница - Кочани околу недостатокот на лекари, специјалисти и друг технички персонал.

Нервното одделение се уште е без ниту еден лекар, само еден е испратен на специјализација, а засега функционира само со двајца лекари психијатри.

Слична е состојбата и со хирургија каде што има само двајца хирурзи, а еден е испратен на специјализација. И на гинекологија е исто, работат само двајца гинеколози додека еден е на специјализација.

На педијатрија работат тројца лекари, а двајца се испратени на специјализација. На ОРЛ иста е состојбата како на нервно, нема ниту еден лекар специјалист, додека се чека на единствениот на специјализација. Лекари недостигаат и на интерно и анестезиологија. Болницата постојано работи на проблемот, но истиот не може да се реши преку ноќ.

- Имаме упатено неколку лекари на специјализација. Во тек се специјализации по хирургија, нервно, ОРЛ, педијатрија и гинекологија. Во тек се вработувања на двајца лекари и две медицински сестри, рече Оливера Цимбаљевиќ, директор на Општа болница Кочани.

Проблемот е покомплексен, додаде Цимбаљевиќ, со оглед на тоа дека старосната граница на постоечкиот персонал е таква што кога специјализантите ќе завршат со специјализацијата по еден од сегашните специјалисти ќе отиде во пензија што значи повторно ќе ја имаме истата бројка. Таков е примерот со гинеколозите или хирурзите каде што сега работат по двајца од кои што по еден во двете одделенија наскоро ќе замине во пензија а на негово место ќе дојде новиот специјалист и повторнно одделенијата ќе работат со по двајца гинеколози или хирурзи.

Недостигот на специјалисти во кочанската болница е долгогодишен и за овој проблем, додаде Цимбаљевиќ, требаше да се размислува многу одамна, па сега да имавме завршени готови специјалисти.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code