Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm stab nadvor17.02.2017  ОО СДСМ - Кочани испрати писмен одговор на реакцијата на градоначалникот Димитровски во врска со искажаните ставови на нивната прес-конференција од четвртокот. Во одговорот стои:

На градоначалникот Ратко Димитровски му е познато дека не само ние во СДСМ, туку и граѓаните многу добро знаат за недомаќинското финансиско работење на Општина Кочани за време на неговите два мандати.

Презадолженоста на општинската каса, заканите дека поради неплатени сметки Општината во секој момент може да биде блокирана, како и неодамнешните контроли очигледно го прават нервозен. Тој најдобро знае зошто.

Господине Димитровски, ни велите да прошетаме низ градот за да видиме што сте изградиле, ама како, кога насекаде има раскопани тротоари и улици. За сите овие години на општинска сметка шетавте низ светот и тоа не само Вие, туку и членови на Вашето потесно семејство, како во Кина на пример. Веројатно видовте дека таму имаат и велосипедски патеки, а вие се фалите со неколку стотини метри поставени бехатон плочки.

Кога зборувате за Пониква, објаснете им на граѓаните зошто инвестицијата од 1,2 милиони евра од ЕЛЕМ, со која се гордеевте, не е во функција. Зошто не извршите прием на истата и зошто дозволувате средства од таа инвестиција да бидат користени за лични потреби на стопанственици кои со истите го чистат патот од снег само до нивните угостителски објекти.

За уличното осветлување се ни е познато, а на вас уште повеќе дека наскоро тоа ќе го расветли начинот на кој се трошени парите од кредитот од 1 милион евра.

Почитувани граѓани, актуелниот градоначалник тврди дека неговото работење е видливо на секој чекор и за тоа одговара пред вас. По смената на локалната власт ние ќе ги откриеме пред јавноста сите долгови и неплатени сметки на Општина Кочани што се направени додека Димитровски седеше во градоначалничката фотелја. И за нив ќе треба да даде одговор, а тоа е главната причина за неговата нервоза.

                                                                                                    ОО на СДСМ Кочани

                                                                                                           Претседател

                                                                                                    м-р Сашко Костов

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code