Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dab beli123.02.2017  Иницијативата на Општина Кочани за прогласување на дабот благун во село Бели како природна реткост е еден од обидите тој да се спаси од пропаѓање.

Со оглед што веќе е изработен стручен елаборат со кој се потврдува оправданоста на идејата, ако таа биде прифатена, со помош од државните и други фондови би се преминало на втора фаза во која би се презеле мерки за реставрација на оштетувањата и конзервација на стеблото на овој жив споменик на природата.

Одлуката за потребата од прогласување на дабот за природна реткост е доставена до Советот на Општина Кочани, кој треба да даде согласност и истата да влезе во процедура, рекоа од Одделението за локален економски развој.

- Значи, во досегашните активности изготвен е елаборатот како проект преку Центарот за развој на Источниот плански регион и сега треба до Министерството за животна средина да се поднесат елаборатот заедно со усвоената одлука од страна на Општината. Подоцна, во втора фаза, има добиени средства преку Програмата за зачувување на природата и ќе се поднесе барање за проект за заштита на истиот, рече Сашо Стојменов од Оддделението за локален економски развој.

Изготвувањето на елаборатот за валоризација на дабот кај Бели како природна реткост се реализираше минатата година, при што целосна поддршка даде Швајцарската агенција за развој и соработка. Во изготвувањето на документот беа вклучени експерти и професори од Шумарскиот факултет и од Институтот за билологија од Скопје, според кои неопходна е соодветна заштита на дрвото за кое се проценува дека е старо над 500 години.

Со цел за зачувување на дабот, во 2003 година беше извршена негова конзервација при што беше исчистен од гнили слоеви и паразити, внатрешноста беше пополнета со пур пена, изолирана со црна книга и искована со штици.

Меѓутоа, во јуни 2012 година, дрвото беше погодено од гром, а стеблото опожарено. Поради тоа во внатрешниот дел се појави голема шуплина, а дрвната маса е уништена до височина од 4 метри. Во елаборатот се предлага да се преземат итни мерки за подобро статичко обезбедување на разграноците од дрвото и да се направат стручни конзерваторски активности кои ќе му помогнат на дабот во неговото натамошно опстојување.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 164 гости и нема членови


web counter



qr code