Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bazen mapa24.02.2017  Спа-центарот кај градскиот базен, што како една од важните капитални инвестиции локалната власт на Кочани ја најавуваше во изминатиот период, не би можел да се изгради само со средства на Општината.

Изработената физибилити студија покажала дека е неопходно да се пристапи кон потпишување договор за јавно-приватно партнерство со инвеститор кој би вложил во изградбата, опремувањето и одржувањето на објектите.

Направените анализи со студијата покажале дека инвестирањето во спа-центарот би било економски и финансиски исплатливо, а Советот на Општината треба да даде согласност за објавување повик за пријавување на заинтересирани инвеститори. На седницата на Комисијата за финансии и буџет беше речено дека веќе се познати деталите околу договорот за јавно-приватно партнерство.

- Овој договор, по предлог на експертите, ќе се додели за период од 30 години, а вкупната проценета вредност на договорот за јавно приватно партнерство изнесува 1 милион и 330 илјади евра без ДДВ, од кои капиталната инвестиција изнесува околу 845 илјади евра и инвестиција на закупецот во летната дискотека “Аква“ во износ од 488 илјади евра, што е утврдено од страна на овластен проценувач, рече Елена Димитровска, раководител на Сектор за планирање и развој.

Според физибилити студијата минималниот износ на надоместокот што приватниот партнер би требало да и го плаќа на Општината изнесува најмалку 10 илјади евра годишно. Со оглед што спа-центарот ќе треба да нуди услуги со геотермална вода, предвидено е КЈП „Водовод“ и приватниот партнер да склучат посебен договор за снабдување од системот “Геотерма“.

Членовите на Комисијата за финансии и буџет рекоа дека инцијативата е добра, но имаше сомневања дека таа може да се реализира во практика.

- Јас изразувам скепса во смисол на економскиот бенефит на оваа инвестиција. Таму е скромно најавено и кажано дека има ризици и дека е добра, рече Костадин Галачев, член на Комисијата за финансии и буџет.

- Зошто на истекот на мандатот на градоначалникот Ратко Димитровски, токму сега се отвора прашањето за отпочнување на оваа инвестиција, зошто малку порано не било ставено во размислување или зошто порано не била активирана позицијата преку јавно приватно партнерство и ббарање инвеститори, рече Ѓорѓи Алексов, член на Комисијата за финансии и буџет.

Според физибилити студијата предвидено е доколку се склучи договор со приватен партнер, тој има обврска да го изгради центарот за период од три години, што значи дека доколку инцијативата започнела на почетокот на мандатот на актуелниот градоначалник, до сега спа-центарот би бил во употреба, додаде Алексов.

Советот на Општина Кочани треба да даде согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство и за неа ќе се расправа и на седницата закажана за в понеделник.

Доколку одлуката биде усвоена, тогаш постапката ќе се спроведе во рок не подолг од 12 месеци од денот на нејзиното објавување во Службениот гласник на Општината.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 133 гости и нема членови


web counter



qr code