Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

toalet star27.02.2017  Санитарно-хигиенските услови и техничката состојба во која се наоѓаат дел од училиштата во општина Кочани не ги задоволуваат стандардите за здравствено безбедна средина за учениците за време на изведувањето на наставата.

Таков е заклучокот од направената контрола од страна на Центарот за јавно здравје во рамки на спроведувањето  на Програмата и Договорот за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, а за што наодите и предлог мерките се најдоа на разгледување и пред Советот на Општината.

Притоа, како дел од мерките што се предлагаат е реконструкција на тоалетите во СОУ “Љупчо Сантов“, ОУ “Никола Карев“ и ОУ “Крсте П. Мисирков“, кај училиштатта кај кои е потребно да се направи замена на оштетените подни површини во училниците и спортските сали, во предпросторот на тоалетите да се постават дозери за течен сапун и за дезинфекционо сретство, како и постојано да се врши надзор на квалитетот и безбедноста на храната што им се нуди на учениците.

Покрај овие има уште неколку мерки за кои на седницата на Советот советниците изнесоа и конкретни предлози.

- Треба да се направи приоритет при изборот на содржините, што ќе се работи во подобрувањето на хигиенско-техничките услови во училиштата. Затоа, самиот текст дава предлог до Советот, да го изгласаме, но и една друга работа, амите предлог мерки, значи правните служби од Општината да ги достават до самите училишта и да се бара начин истите да бидат задоволени, рече Лилјана Арсова, член на советот на Општина Кочани.

Арсова додаде дека треба да се води сметка и за можниот ризик што е наведен во заклучокот од Центарот за јавно здравје, а што се однесува на подоготвката на храна на исто место и за децата од предучилишните установи и за граѓаните од социјално загрозените категории. Притоа беше побарано минимизирање на сите видови ризици за да не се случат несакани последици.

- Сакам да прашам дали се точни шпекулациите дека во ОУ “Крсте Петков Мисирков“ и минатат година и сега имало санитарна инспекција која увидела сериозни грешки во работењето, пред се мислам на санитарниот јазол, и дека се платени двапати казни. Бидејќи лани рече директорот, во отсуство на исправен санитарен јазол во училиштето, учениците го користат санитарниот јазол во спортската сала. Капацитетот на тој јазол не е планиран за сите ученици дека таму можат да одат, туку само за случаи кога се играат антпревари, значи со помал капацитет, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Последната информација од барањето што го доставивме до МОН за реконструкцијата е дека во текот на 2017 година е планирана целосна реконструкција на санитарните јазли. Тоа што го прави училиштето е мали, минимални поправки и се одржува хигиената колку што може да биде во услови коишто можат да бидат, уредни и нормални, така што тоа е тоа што се прави, рече Марија Георгиева од ОУ “Крсте П. Мисирков“ - Оризари.

Освен за хигиенско-санитарната состојба во училиштата, на седницата беше споменато дека во извештајот на Центарот за јавно здравје е утврдено оти исхраната за испитуваната возраст на предучилишни деца, согласно стручните норми, е дефицитарна како во енергетски, така и во минерално –витамински состав.

- Поради тоа што веќе е почеток на година и сега се прават јавните набавки во овие установи и институции, паметно е уште сега да им се предочи на одговорните лица да преземат мерки со цел најмладите да не останат со дефицитарна храна бидејќи е срамно да дискутираме за тоа дали во градинката има доволно храна и дали таа храна е здрава или не, рече Ѓорѓи Алексов, член на соевтот на Општина Кочани.

Во врска со забелешките за хигиената во тоалетите во СОУ “Љупчо Сантов“ беше речено дека состојбата е подобрена.

- 90 посто од таа влага, мемла, како што сакате, е санирано, чисто е, повеќето од казанчињата се заменети, останаа уште три-четири казанчиња. Иако нашиот проект е во Министерството за образование веќе две години, со образложение дека ќе се одобри, ние собравме сили, едно казанче е 1.200 денари, толку, четири спрата по три, дванаесет казанчиња. Ги поправивме скоро сите, нема влага, нема гниење, дури да ви кажам во врска со водата, 50 проценти водата е намалена во однос на плаќањето, рече м-р Доне Донев, в.д. директор на СОУ “Љупчо Сантов“.

На крајот од разгледувањето на точката беше прифатен предлогот на сите училишта да им се достават заклучоците во извештајот на Центарот за јавно здравје за санитарно-хиегиенските услови, а потоа доставените информации беа едногласно усвоени.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 96 гости и нема членови


web counter



qr code