28.02.2017 Одлични резултати на меѓународен план постигнаа младите каратисти, членови на нашите карате клубови “Партизан“ и “Кочани“ кои учествуваа на меѓународниот Ипон куп што се одржа во Лесковац, Република Србија.
Во конкуренција од над 1200 учесници од клубови и спортски друштва од повеќе балкански држави, претставниците од Кочани освоија вкупно 36 медали од кои 15 златни.
Каратистите на КК „Партизан“ беа побројни и од турнирот се вратија со 29 медали, од кои 11 златни, 7 сребрени и 11 бронзени медали, а екипно го освоија третото место.
Најуспешен натпреварувач од клуботбеше Кристијан Грозданов кој освоени 3 златни медали во борби во категориите до 40 кг и до 45 кг, како и во екипна конкуренција. Освен него злато освоија и Јована Младенова, Сунчица Ангелова и Василија Христиќ во кати во женска конкуренција , а Филип Стојанов , Благој Тасески, Горги Петров, Давид Гацов и Ангел Паунов во борби во машка конкуренција се закитија со златни медали. Освен тоа екипно и машката екипа од генерацијата 2004-2005 го освои првото место.
Слично на нив, добри резултати на турнирот во Лесковац имаа и членовите на КК “Кочани“. Учествуваа само шестмина, но во категорија борби освоија вкупно седум медали од кои 4 златни.
Победници во женска конкуренција беа Наталија Карова и Анамарија Минова, а кај момчињата Иван Јанкулов и Љубомир Давитков застанаа на победничкото место. Давитков имаше уште еден одличен настап во конкуренција на каратисти до 63 килограми и освои и сребрен медал. Со бронза се закитија Верица Карова и Натали Веселиновска кои во категорија над 44 килограми го поделија третото место.
T. Aјтовски
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.