Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policiska stanica vinica28.02.2017  Непознат сторител се офајдил со огнено оружје, муниција и златен накит откако извршил кражба во куќа во Виница.

Настанот се случил во изминатите 48 часа, но никој не го забележал лицето кое упаднало во објектот и непречено ги однело вредните предмети. Од СВР потврдија дека кражбата била пријавена во виничката Полициска станица, но засега имаат само основни информации за настанот.

- Во временскиот период од 18 часот на 26 февруари до 08 часот на 27 февруари година во Виница во куќата сопственост на 61-годишниот Д.С. непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со погоден алат и употреба на сила ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,62 мм, осум  куршуми и разновиден златен накит. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Оштетениот сопственик на куќата оружјето го поседувал со валидна дозвола, а увид на местото на настанот извршила од екипа од ПС Виница.

Од СВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Инаку за краток период ова е трета пријавена кражба во источниот регион во која сторителите покрај другите вредни предмети, украле и огнено оружје.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code