Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

BRZA POMOS01.03.2017  Во моментов на Итна медицинска помош во Здравствениот дом - Кочани работат 8 екипи составени од лекар, медицинска сестра и возач.

Меѓутоа едната од тие екипи работи како рурален доктор и две докторки не вршат дежурство, така што остануваат само пет екипи кои што работат 24 часа. Поради обемот на работа на лекарите и малите плати, постојано има миграции во странство, па можно е и намалување на постоечките екипи.

- Бројот на екипите може во иднина да ни се намали бидејќи постојано постои мигрирање на медицинскиот кадар надвор од земјата или во друга здравствена организација, рече д-р Иван Спанчевски, директор на Здравствен дом - Кочани.

Буџетот годинава изнесува 26 милиони и 500 илјади денари што не е доволен за исплаќање на вработените и за вршење на сите активности на установата, но Спанчевски истакна дека ќе барат од Фондот за здравство да им излезат во пресрет ако е можно, со цел зачувување на екипите на Итната медицинска помош.

Инаку, со ваква екипираност тешко е опслужувањето на граѓаните на Кочани и општините кои што ги покрива Здравствениот дом.

- Ние се трудиме во рамките на нашите можности да ги опслужиме граѓаните но тоа е се потешко бидејќи се повеќе нашите екипи вршат услуги на општа болница бидејќи и таму се соочуваат со истиот проблем и затоа и поголем дел од пациентите ги препраќаме за Скопје, а со тоа се трошат и пари и гориво, но и за надоместоци за плати, остварен повик, приправност што неповолно влијае на работата на Здравствениот дом, додаде Спанчевски.

Во иднина, додаде Спанчевски, ќе се прави одредена преструктуираност на екипите и секако соработка со Општа болница, со цел зачувување на постоечките екипи или уште подобро вработување на нови.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code