Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulici raskopani02.03.2017  Над 1 милион евра потрошила Општина Кочани во текот на минатата година за изградба и одржување на улиците и локалните патишта, но во јавноста има незадоволство од тоа како тие изгледаат во реалност.

Испукан асфалт, раскопани дупки што се пополнуваат со бехатон плочки и нерамнини на делниците каде се поставуваше атмосферската канализација се секојдневие за возачите и другите учесници во сообраќајот.

На последната седница на Советот беше укажано дека има незадовлство меѓу граѓаните, особено што ниту новоизградените улици не се имуни на оштетувањата, па иако добија асфалт, тој не се задржа долго време на нив.

- Најмазните улици, најубавите, најрамните се фактички најстари, тие што се асфалтирани пред децении, а најновите , што би требало да бидат најубави, тие се најископани. И букавално некои улции, како што е “9 Мај“, личат како да се спремани за “Пртни пира“ да игра некој, едно квадратче асфалт, едно квадратче бехатон, па друго квадратче има цементирано плочки. Па, ме интересира дали има некоја гаранција за тие улици што се во градот, колку би требало да траат најмалку, пред првата реконструкција, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Дали вие како општинска администрација барате одговорност од тие луѓе, дали имате контрола, дали има надзор над таа работа, бидејќи не е прв пат улици што се целосно асфалтирани се случува да бидат со слаб квалитет, се случува асфалтот да испука после 3-4 недели, после 3-4 месеци, а од друга страна знаеме дека најголем дел од средствата и нешто што е најскапо е асфалтирањето на тие улици, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Оправдувањето од општинската администрација е дека раскопувањето на улиците се врши поради поправки на оштетувањата на водоводната мрежа, што посебно било карактеристично за тековниот зимски период.

- Поради ниските температури оваа зима имаше доста пукање на цевки, поставуавњето на бехатон плочките го врши комуналното претпријатие, ние како Општина не го вршиме тоа, и тие се поставуваат сега бидејќи асфалтните бази не работат и подобро да постават бехатон плочки, отколку да остане само песок и тампон на овие улици, рече Влатко Димитров од Секторот за урбанизам на Општина Кочани.

Димитров рече дека при изградбата на улиците имало постојан надзор од трета фирма што се избира со тендерската постапка, а и самите служби од општинската администрација правеле контроли на извршувањето на градежните работи. Сепак, факт е дека во градот не постои улица што најмалку еднаш не е раскопана, а потоа да се врати во состојбата каква што била претходно.

Според усвоената програма за оваа година, во однос на лани испланирано е да се потрошат околу 10 милиони денари повеќе, но прашање е дали инвестицијата ќе биде оправдана ако изграденото набргу повторно ќе се раскопува.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code