Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maticna slzuba03.03.2017  Подрачното одделение на Министерството за правда во Кочани, односно Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од ова седмица се наоѓа во нови простории, кај поранешниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Обезбедени се со шалтерски систем и просторија за администрација, а вработени се неколку матичари и други соработници и советници, кои што ја извршуваат целокупната работа од областа на матичното работење за потребите на граѓаните на територијата на општина Кочани.

-Тука се пријавуваат сите раѓања на територијата на општина Кочани, раѓањата на нашите граѓани кои што живеат во Кочани, а се родени во странство. Исто така тука се пријавуваат младите за склучување на брак, како и браковите склучени во странство со постојано живеалиште во Кочани. Се пријавуваат и смртните случаи кои што се случуваат на територија на општина Кочани, како и оние во странство ако лицата се родени во Кочани, рече Коста Вучков, самостоен референт матичар.

Издвојувањето од МВР е согласно прописите кои што ги налага ЕУ, а тоа е градската матична служба да да се оддели од Министерството за внатрешни работи.

Вучков додава дека старите простории во зградата на поранешен “Бетон“ не беа соодветни за нормално извршување на дејноста и комплетна услуга на граѓаните. Новите простории се во сопственост на Република Македонија и се доделени на Управата за водење матични книги, Подрачна канцеларија - Кочани. Вучков додава дека вадењето на личните карти и пасоши остануваат во надлежност на МВР.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code