Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

spomenik svilanovo03.03.2017  5 милиони и 700 илјади денари ќе добие Општина Кочани како финансиска поддршка од Бирото за рамномерен регионален развој за изградба на спомен паркот во месноста Свиланово, посветен на Никола Карев.

Проектот ќе се реализира во соработка со општините Чешиново-Облешево и Пробиштип. Освен тоа, Опшината ќе добие уште 2 мииони денари за изградба на патот кон селото Јастребник, поточно на делницата од Мала Река до месноста Влашка орница.

Според градоначалникот Димитровски, одлуката за доделување на средствата била донесена во четвртокот, а реализацијата на двата проекти требало да започне за краток период.

- Очекуваме дека за десетина дена ќе се потпишат договорите со Бирото за рамномерен регионален развој и дека ќе можеме да ги распишеме тендерските постапки и за едниот и за другиот проект, така што реализацијата би била некаде кон средината на оваа година, рече Ратко Димиторвски, градоначалник на Општина Кочани.

За реализација на изградбата на патот кон Јастребник поддршката од Бирото е со 50 отсто од вредноста, а другата половина треба да ја обезбеди Општина Кочани од својот буџет. Се работи за решавање на најстрмните и најтешки делови од патниот правец, непосредно после браната Гратче. Во општинскиот буџет имало обезбедно средства преку програмата за изградба на патишта и улици, па единствена обврска е да се направи нивна пренамена.

За проектот за спомен паркот во Свиланово пак, парите целосно се обезбедуваат од државниот буџет, а Општината нема обврска за учество во инвестицијата.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code