06.03.2017 15 килограми марихуана биле откриени и запленети од 31-годишниот А.Л. од Кочани, поради што полицијата му поднесе кривична пријава.
Според официјалните информации, по претходно добиени сознаниjа, надлежните истражни органи неколку дена интензивно го контролирале и набљудувале теренот во околината на градскиот базен, односно на локација кај напуштена нива. Таму полицијата пронашла ископана дупка, односно бункер во кој била скриена марихуаната.
Лицето е фатено во момент кога се обидело да им избега на истражните органи.
- Во временскиот период од 1 до 4 март годинава од страна на полициски службеници извршена е опсервација на теренот и пошироката околина, како и на лицата и возилата кои биле во непосредна близина на бункерот. На 4 март, во 13 часот, најпрвине е забележано патничко моторно возило “мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, при што истиот дошол до бункерот каде била складирана опојната дрога - марихуана, и при обид истиот да ја земе, од страна на полициски службеници му била издадена наредба да застане, но тој се дал во бегство. По брзата интервенција на полицијата, пријавениот е фатен и лишен од слобода, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР - Штип.
Претходно полицијата добила сознанија дека кон крајот на февруари годинава осомничениот од непознато лице од Гевгелија набавил 16 целофански пакувања со марихуана и истата ја чувал со намера да ја продаде. Според проценките на полиција, вредноста на дрогата на пазарот на црно достигнува над 100 илјади евра.
Поради стореното кривично дело за днедозволена трговија опојни дриги, осомниченото лице било приведено, а по претходна постапка од страна на судија од кочанскиот Основен суд, одредена му е мерка притвор од 30 дена.
T. Aјтовски
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.