. Канал 8 ТВ - Цела недела трае потрагата по исчезнатата 84-годишна жена од Оризари
Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

isceznata zena06.03.2017  Се уште без успех е потрагата по 84-годишна Љубица Андонова од населбата Оризари која во четвртокот во Полициската станица – Кочани беше пријавена како исчезната.

Откако минатиот вторник околу 9,45 часот таа излегла од дома и во текот на 48 часа не се вратила назад, домашните ја сфатиле сериозноста и го пријавиле настанот в полиција.

Нејзиниот син рече дека поради возраста мајка му имала психички здравствени проблеми, но сепак очекува дека потрагата ќе заврши добро. Последен пат старицата била забележана на патот кон селото Пресека, во близина на месноста Русев Гроб.

- Ние до сега веќе петти ден како излегуваме на терен со една нивна патрола и луѓе кои ги познавам, околу 10 луѓе. Резултатите до сега се ништо, го пребаравме целиот терен, скоро до Цера, останува уште некој мал дел од теренот, но скоро 99 отсто е поминат теренот. Мал број на луѓе сме, кога би имале повеќе, би било поинаку. Облечена беше во црни тренерки, влечки, елек еден или два, мислам два елека на себе и шамија, розе боја, нешто, плаво розе боја, рече Ратко Андонов, син на исчезнатата жена.

Андонов рече дека неговата мајка физички била здрава и подвижна, поради што постои можност да се оддалечила на поголемо растојание. Затоа упати апел до сите граѓани кои ја или имаат каква било информација за неа од последните неколку дена, да се јават во Полициската станица во Кочани.

Сличен случај во евиденцијата на СВР беше регистриран и на крајот на декември кога беше пријавено исчезнување на 54-годишна жена од Кочани.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: NW при 17 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела18°C/36°C
Понеделник18°C/36°C
Вторник17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови



web counter




qr code