Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka107.03.2017  Повеќе сообраќајни несреќи во ист ден, од кои две со посериозни последици, се случиле на патиштата и улиците во населените места во кочанскиот регион.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, на делницата од магистралниот пат А3 што поминува низ Облешево, во понеделникот претпладне патничко моторно возило што го управувал 50-годишен возач, удрило во 8-годишно девојче кое се движело во близина на пешачкиот премин кај основното училиште “Св. Климент Охридски“.

Од ударот детето се здобило со повреди на главата, но за среќа е надвор од животна опасност.

Истиот ден околу 17 часот, на локалниот пат Чешиново-Соколарци, се случила уште една сообраќајна несреќа во која 78-годишен велосипедист се здобил со скршеници и тешки телесни повреди. Поради сериозноста и влошената здравствена состојба тој итно бил префрлен во штипската Клиничка болница.

Сообраќајна несреќа со потешки последици се случи и изминатиот викенд, при што 17-годишно девојче се здоби со потрес на мозокот и со скршеница на левата потколеница и на десната клучната коска, откако возило “опел корса“ со голема брзина ја удрило на пешачки премин во близина на Агенцијата за вработување во Кочани.

Поради драстичното зголемување на бројот на прекршоци и сообраќајни несреќи, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот најавуваат превентивни мерки.

- Во наредниот период со поодршка на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ќереалзираме голем број сообраќајно-едукативни проекти насочени кон сите групи учесници во сообраќајот, со посебен акцент на оние најранливите категории учесници, како што се децата, пешаците и така натаму. Статистиката и анализите покажуваат дека доминанти причини за предизвикување сообраќајни незгоди е токму факторот човек, брзото возење и управување со моторно возило под дејство на алкохол, рече Ристо Манчев, секретар на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Според Манчев, во преземањето превентивни мерки, освен надлежните органи кои го контролираат сообраќајот, важна улога имаат и локалните самоуправи, кои треба да дадат свој придонес во подобрувањето на условите за сите учесници во сообраќајот и во намалувањето на ризичните места и црните точки каде најчесто се случуваат несреќите.

Причина повеќе за тоа е што според евиденцијата на полицијата, во пораст е бројот на повредени и настрадани лица на коловозите во населените места.

T. Aјтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code