Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izvidnici07.03.2017  Од 3 до 5 март во Извидничкиот центар во Охрид се одржа извидничка Школа за ориентација и топографија за младите членови од повеќе одреди од Македонија.

Меѓу нив учесници беа и младите извидници од Кочани, кои нецела година по формирањето на одредот “Ластовица“ веќе имаа повеќе обуки.

Носител на активностите беше Сојузот на извидници на Македонија кој на овој начин се стреми кон правилен и здрав психофизички развој на децата и младите, за што секоја година организира школи и тренинзи на различни теми кои ги спроведуваат искусни и обучени тренери.

Школата во Охрид беше организирана паралелно во две групи, при што групата А работеше на запознавање со основите на ориентација и топографија, додека извидниците од групата Б учеа да цртаат материјали, како што се кроки и скица и решавање задачи на карта. Целта на обуката е што полесно разбирање и изучување на ориентацијата во природа, како и топографијата која е една од најстарите гранки на извидништвото. Преку настанот се цели кон обучување на извидници и мотивирање на истите за посета на Државниот извиднички ориентационен натпревар.

Како учеснции на школата од одредот “Ластовица“ беа ученици на возраст од 15 и 16 години кои се подготвуваат за идни водичи и инструктори. Нивниот сериозен приод кон работата повеќе пати е потврден и од страна на Сојузот на извидници на Македонија, поради што нема причина да не веруваме дека наскоро тие ќе станат вистински емисари на извидништвото и успешно ќе го промовираат Кочани во земјава и пошироко.

Инаку кочанскиот извиднички одред и понатаму работи на прифаќање на сите заинтересирани ученици кои сакаат да станат извидници. Доколку Општината го одржи ветувањето и до крајот на месецов обезбеди соодветна просторија за работа, од одредот за на пролет најавуваат вистинска извидничка офанзива.

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code