Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres sdsm  vinica dolg09.03.2017  Актуелниот градоначалник на Општина Виница, Емил Дончев во изминатите осум години од неговите два мандати не работеше домаќински и само ја задолжуваше Локалната самоуправа.

Наместо да го подобри живеењето на граѓаните, тој го зголеми долгот за трипати, а општината не доби некој важен капитален објект.

Со вакви тврдења на прес конференција излезе на ОО СДСМ – Виница, обвинувајќи го првиот човек на локалната власт дека се интерсирал само за личните потреби, а не и за оние на граѓаните.

- Моменталниот долг на Општина Виница изнесува 94 милиони денари. Од 2009 година кога градоначалникот Емил Дончев стапи на функцијата долгот на Општината изнесуваше 24 милиони денари, што покажува дека тој ја задолжил Општината со нови 70 милиони денари или 1 милион 130 илјади евра, повторувам 1 милион и 130 илјади евра. Вкупниот буџет на Општина Виница во периодот од 2009 до 2016 година е околу 32 милиони евра, од нив само 10 проценти се предвидени за капитални расходи, а во градот не е изграден ниту еден проект во интерес на граѓаните, рече Ивица Димитров, претедател на ОО СДСМ - Виница.

На пресот на СДСМ - Виница беше речено дека локалната власт на Виница има обврска јавно да каже колкава е задолженоста на Општината со оглед што наскоро ќе им истече мандатот на оние кои се виновни за тоа.

- Брзо ќе се дознае за што се потрошени парите на граѓаните, кога не е одговорено на нивните основни потреби. Токму поради ваквото недомаќинско владеење на ВМРО-ДПМНЕ огромното мнозинство од граѓаните на 11 декември избраа промени и живот за сите. И на Виница итно и се потребни промени. Виница ќе добие локална власт која ќе работи на решавање на реалните проблеми и на потребите на сите граѓани во општината, додаде Димитров.

На крајот од прес конференцијата, претседателот на СДСМ од Виница рече дека виничани заслужуваат подобра централна, но и подомаќинска локална власт што ќе води сметка за заедничките интереси на граѓаните.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Промо за емисијата за Св. Гаврил епископ Велички Светогорец

4°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток6°C/22°C
Петок4°C/20°C
Сабота5°C/22°C
Недела6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години
Пријатели


Имаме присутни 55 гости и нема членови



web counter




qr code