Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orizna niva neizorana20.03.2017  Наместо интензивна подготовка на земјоделските површини за засејување со ориз, земјоделците од кочанскиот регион се откажуваат од производството на “белото злато“. Бавниот откуп и ниските откупни цени за килограм арпа се повеќе ги оддалечува од нивите.

Велат дека уште пред почетокот на новата сеидбена сезона се свесни дека ќе наесен кога ќе жнеат ќе немаат никаков ќар од произведеното.

- Па, и ние ќе се откажеме, 15 денари, 16 денари, и тешко ги земаме парите, не лажат, утре парите, друг ден парите, а оризот ќе ти го земат. Субвенции, нема ништо... 

Нека се одбие, поарно, нема зошто да се сее, во оваа ситуација нема зошто да се сее. Нејќат, нема цена, имам ориз продадено, не сум земал три месеци пари. Гајле немаат, луѓето не прават проблем, ако сакаат се нека одбијат, рекоа земјоделците.

И од водостопанската подружница “Брегалница“ потврдуваат дека од ден во ден се поголем е бројот на земјоделците кои им најавуваат дека не сакаат вода за наводнување на оризовите ниви.

- Искажуваат незадоволство дека од предвидените оризови површини ќе се откажат од самото сеење. Ние како Водостопанство во тој дел не можеме многу да се мешаме, наше е да испорачаме вода, а тие дали ќе ги сеат површините или не, тоа зависи од нив, рече Јане Атанасов од водостопанската подружница “Брегалница“.

Земјоделците кои веќе ги ораат нивите велат дека наместо ориз ќе сеат други земјоделски култури.

- Ќе сееме пченица, ќе сееме жито, поубаво е жито да сееме или пченка, лубеници, пипер ќе сееме, поубаво наместо ориз. Од ориз немаме ништо, во минус сме....  Ние земјоделците работиме, произведуваме да јаде народот, нас не не заштитуваат, не не гледаат. Да работиш, да произведуваш, да нема да јадеш, каде го има тоа, додаваат земјоделците.

Според годишниот план за наводнување, со ориз оваа сезона треба да се засеат околу 5.000 хектари, слично како и лани.

Сепак, ако и покрај потпишаните договори со Водостопанската подружница, земјоделците се откажат од сеидбата, прашање е како ќе се регулира функционирањето на каналската мрежа без притоа да се предизвикаат штети од поплавување кај нивите, кои наместо со ориз ќе се засеат со други земјоделски култури.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 194 гости и нема членови


web counter



qr code