Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

najdobro istok 201620.03.2017  На пригодна свеченост што се одржа во просториите на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, викендот им беа доделени признанијата на најдобрите поединци, фирми и здруженија во рамки на изборот со симболичен назив Најдоброто од Истокот 2016.

Носител на иницијативата се новинарите од Регионалниот центар на ЗНМ - исток, а изборот беше направен на крајот на минатата година.

Притоа наградени беа претставници од 14 различни области од стопанскиот и општествениот живот, а меѓу наградените годинава имаше 4 претставници од Кочани кои се вброија меѓу најдобрите во Регионот.

Во областа на спортот признанието му припадна на ПСД “Осогово“ за освојувањето на повеќе планински врвови на Балканот, во Европа, па и пошироко. Во конкуренција на невладини организации пак, признанието му припадна на Ротари клубот Кочани - Виница за повеќе хумани активности.

- Нашиот клуб има големи амбиции, таа амбиција ја потврди и добиената награда минатата година од сојузот на Ротари клубовите на Македонија како клуб со најголем број проекти и остварени активности за ротаријанската 2015-2016 година, рече Тоше Манев, член на Ротари клубот Кочани-Виница.

Новинарот Горан Лефков од Кочани го доби признанието за најдобар истражувачки новинар, а повод за тоа се повеќето новинарски стории во кои тој го испитуваше работењето на државните институции, на политичките партии и на неколку здруженија.

- Кога ќе добиете награда од колегите е посебно драга. Јас оваа вечер сум посебно горд на оваа награда, нема да должам многу, на сите мои колеги и на сите присутни овде сакам да им посакам многу професионални награди во сите области во кои работат, рече Горан Лефков, новинар од Кочани.

Признание за успешност доби и печатницата “Европа 92“ која беше избрана за најдобар стопански колектив во регионот за минатата година.

- Заслугата за оваа награда, односно за успехот на фирмата реално е дека пред се е заради вработените, голема благодарност, ве поздравувам, рече Влатко Димитровски, директор на печатница „Европа 92“ – Кочани.

Освен овие, признание во областа на образованието доби професорката Соња Даниловска од ОУ „Никола Карев“ – Пробиштип, за најдобар новинар колешката Даниела Такева од Делчево, а во областа на културата добитник е мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе.

За најдобар во книжевноста признанието му беше доделено на афористичарот Миле Ѓоргијоски од Делчево, а признанието за хуманост го доби швајцарската фирма „Албиро“ во Делчево, која донираше 5.000 евра за набавка на ново возило за потребите на дневниот центар за деца со посебни потреби.

За најдоброто во туризмот признанието му беше доделено на познатиот туристички бренд, хотелот „Манастир“ во Берово, а во областа на здравството за најдобри беа прогласени лекарите Сашко Николов и Марјан Јовев, од ангиографското одделение во штипската клиничка болница.

За најдобар работник во 2016 година во источниот регион приознание доби Јонче Стојковски, рудар во рудникот „Саса“ од Македонска Каменица, а за менаџер на годината наградата му беше доделена на Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш.

Посебно признание новинарите од источниот регион му доделија на првиот македонски кардиохирург Жан Митрев, за неговиот придонес во воведувањето на кардиохирургијата во Македонија.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code