20.03.2017 Како клуб, „Гладијатор“ има учествувано само на меѓународни турнири каде што има освојувано први места. Кочанскиот клуб за прв пат учествуваше на државно првенство за пионери и сениори што се одржа во Прилеп.
Во конкуренција од 280 натпреварувачи кочанските џудисти се вратија со освоени 8 медали во две категории.
- Имаме две први места во пионерска конкуренција Резарта Алими во категорија до 52 кг и Дамјан Крстов. Второ место сениори Драгана Савева, Христијан и Стефанија Павлов се закитија со третото место во пионерска конкуренција, Александар Алексов трето место, Јована и Лина Крстова трето место, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клуб „Гладијатор 2016“ Кочани.
Кочанските џудисти се подготвуваат за уште едно државно првенство за јуниори и кадети што ќе се одржи на 2 април во Битола.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.