22.03.2017 Надворешната канцеларија за криминални работи од Кочани поднесе кривична пријава против 25-годишниот Д.М. од селото Ракитец, Општина Конче, Радовишко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување.
Пријавениот во периодот од ноември 2014 година до октомври 2016 година во повеќе наврати извршил силување и други полови дејствија над 19-годишна жителка на едно кочанско село.
Откако оштетената ја прекинала љубовната врска со пријавениот, истиот ја натерал да му испрати на фејсбук неколку фотографии со експлицитна содржина.
По добивање на фотографиите, пријавениот во повеќе наврати ја уценувал и и се заканувал дека ќе ги испрати на нејзини блиски роднини и пријатели. За возврат, за да не го стори тоа, ја присилувал девојката на обљуба и други полови дејства.
По пријавувањето на случаите в полиција, надлежните истражни органи на 25-годишникот му поднеле пријава за сторено кривично дело силување. Притоа, не му е определен притвор или друга заштитна мерка.
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.