Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Postojki 3

05.06.2013  Пет автобуски постојки треба да добијат населените места во општина Кочани, претежно во ридско-планинскиот регион. Активноста се реализира по барање на граѓаните од овој дел  на општината, па наскоро соодветни постојки со настрешници ќе добијат жителите од Полаки, Бели, Нивичани и други села.

Локалната самоуправа веќе го објави јавниот тендер за избор на најповолен изведувач на објектите што треба да бидат поставени на оддалеченост до 20 километри од градот. Се планира настрешниците да бидат изработени од метал, а обврска на изведувачот ќе биде и да ги постави на предвидените локации.

- Овие автобуски постојки ќе  бидат опремени со клупи, покривната  конструкција ќе биде од поликарбонат, а се очекува наскоро да заврши јавната набавка со што Општината ќе започне со поставување на постојките на местата што се предвидени во ридско-планинанскиот дел, рече Влатко Димитров, раководител  на секторот за урбанизам.

Прибирањето на понудите од зиантересираните изведувачи ќе трае до крајот на јуни. Од понудените цени за изработка и поставување на постојките, ќе зависи и износот на вкупната инвестиција.

- Штом заврши тендерската  постапка, некаде за месец, до месец и половина би требало да се отпочне со реализацијата за поставување на овие автобуски постојки, рече Димитров.

Во градот на повеќе локации  од пред неколку години се поставени  автобуски постојки, како инвестиција  на Општината или донација од фирми. За жал состојбата во која се наоѓаат, пред се поради дотраеноста на материјалот, но и поради несовесноста на одделни сограѓани, не ја овозможува нивната основна намена. Веројатно ќе треба во Општината да се преземат активностии за нивно реконструиирање, но и за поставување нови на местата каде што недостасуваат.

Т. Ајтовски

Сподели

Postojki 1Postojki 3Postojki 4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 37 гости и нема членови


web counter



qr code