Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

deponija miso arsov23.03.2017  Нова дива депонија се шири на крајот од улицата “Мишо Арсов“ во населбата Усова чешма.

Купишта земја, искористени градежни материјали, шут, но и остатоци од комунален отпад се расфрлани на двете страни од улицата, која истовремено е и сообраќајна врска на овој дел од градот кон Вранинци и останатите села од планинскиот регион.

Во телефонската реакција на жителите од оваа и од соседните улици рекоа дека извесен период со камиони се исфрла земја и камења со што се стеснува коловозот, а се загадува и околината. Таквата состојба ја потврди и сликата на терен.

- Груачот се тука доаѓа, а иначе беше кај воените горе, сега ја стопираа депонијата таму да не носат, груач да не се носи и гледам дека истураат, а ги гонеа, не даваа да се затвора патот. Сешто, депонија, најпоштено да кажам дека не сме ние народ, рече жител на населбата.

Истурањето на земјата и шутот се прави во должина од околу двеста метри, но на одделни места се забележува дека купиштата се на самиот коловоз, со што тој е стеснет и тешко прооден за моторни возила.

Жителите на улицата “Мишо Арсов“ рекоа дека интервенирале и во Општината, но до сега немало реакција од надлежните. Бараат исфрлањето на отпадоците итно да запре, односно тоа да се прави на локација што е наменета за такви потреби, а она што до сега е исфрлено овде да се израмни и расчисти. 

Велат дека ако не се преземат превентивни мерки, наскоро и оваа локација ќе наликува како околината на Фабриката за вода каде освен исфрлањето на комунален и друг вид отпад, целосно е деградирана некогашната борова шума.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code