Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stocen pazar oblesevo28.03.2017  Иако сега ја нема, сепак, сточарите имаат огроми загуби заради појавата на болеста jазлеста кожа, иако дел од уништеното им е исплатено.

Поголем проблем е тоа што јазлестата кожа предизвика намалување на сточниот фонд за дури 80%, а со тоа јавното претпријатие во Облешево претрпе огромни загуби.

- Знаеме дека голем дел од сточниот фонд се уништи поради болеста и тоа негативно се одрази врз нашите финансии. Со болеста Јавното претпријатие претрпе огромни штети кои што се движат од околу 7.000 до 8.000 евра и никој не се загрижи да праша дали и како би ги надокнадиле тие средства.

А за сточниот фонд и да не зборувам. Имавме околу 150, 200 или 250 грла на еден пазар, сега се 20, 30 до 50 грла максимум за продажба, рече Стевчо Николов, раководител на сточниот пазар во Облешево.

Јазлестата кожа не влијаела на продажбата на ситниот добиток, велат сточарите, туку ниските температури, кои што предизвикале голема смртност и намалување на стоката.

- Ние немавме големи загуби од јазлестата кожа, туку од мразевите, посебно јануари месец кога имаше минусни температури, имаше голема смртност кај прасињата и се намалија многу, рече Виктор Ѓорѓевски, сточар од Куманово.

Раководителот на пазарот, Николов додаде дека важи апелот до луѓето кои што имаат ситен добиток да отворат фарм-регистер за да си ја обележат, регистрираат и вакцинираат стоката, таа да биде легално маркирана и заштитена и оние кои што ќе купуваат да имаат евиденција за заштитен добиток.

Ова се апелираше и поодамна, додава Николов, но сточарите не го прифаќаа во целост. Николов рече дека за секое регистрирано ситно животно државата субвенционира како за крупниот добиток.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: West при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code