Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka traktor29.03.2017  Нова сообраќајна несреќа што заврши со трагични последици се случила претпладнето во Виничко.

48-годишниот М.П., жител на селото Липец, загинал на локалниот патен правец што води кон Виница, откако се превртел тракторот што го управувал. Се претпоставува дека причина за несреќата е момент на невнимание, што на крајот завршило со кобни последици.

Според извештајот од СВР, утрината околу 10 часот на локалниот пат село Липец-Виница, М.П.се движел со земјоделската механзиација, при што дошло до превртување на тракторот.

Возачот не успеал навреме да реагира и се нашол притиснат под возилото, при што се здобил со нагмечување на внатрешните органи. Поради сериозноста на повредите безуспешни биле обидите да му се помогне и да се укаже прва помош, па увидната екипа констатирала дека трактористот починал на местото на несреќата. 

Ова не е прв случај со тешки и кобни последици при ваков вид сообраќајна несреќа во регионот. Пред 4 години во близна на населбата Оризари две постари лица загинаа, а 15-тина малолетници беа повредени откако трактор се преврте на враќање од првомајското празнување.

Слична нереќа имаше пред повеќе од една година во Тркање кога жител на селото се здоби со тешки телесни повреди откако тракторот сам се придвижил и го прегазил.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 207 гости и нема членови


web counter



qr code