Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poribuvanje gratce129.03.2017  Второто порибување на браната Гратче го извршија членовите на спортско риболовното здружение “Кочански рибар“ откако минатата година ја добија концесијата за оваа акумулација.

Збогатувањето на рибниот фонд на езерото повторно беше направено со крап, но за разлика од порибувањето во ноември, овојпат освен крупна риба, имаше и рибен подмладок.

Покрај тоа што ова е нивна законска обврска, тие и доброволно набавија дополнителни количини за што вкупно се вложени околу 100 илјади денари. Кочанските рибари рекоа дека нивното работење до сега оди според планирањата за што добиваат поддршка во јавноста, како и од стопанските субјекти во регионот.

- За сето ова, како успешна акција што денеска ја спроведовме, генерално имаме помош и од наши сограѓани и приватни стопанственици, кои ни помогнаа сето ова успешно да го реализираме. Значи, денеска пуштаме 1000 единки подмладок на крап со просечна тежина од околу 50 грама и 300 килограми крап со просечна тежина од 2 килограми, рече Димитар Димитров, претседател на Спортско риболовното здружение “Кочански рибар“.

Димитров рече дека првото порибување на крајот на минатата година се покажало како доста успешно, рибата добро се аклиматизирала, а рибарите се задоволни што веќе имаат успех кога ловат овде. Дозволено е да се лови според усвоениот правилник на Здружението и до сега одредбите се почитуваат.

- Значи, за нашата брана, акумулација “Гратче“ дозволен е само еден примерок за излов, секој нареден што ќе се фати мора да се пушти под итно, значи нема задржување повеќе крап во чуварката. Може да се лови веднаш, со тоа што меѓу Мала и Голема Река ќе ставиме привремена забрана затоа што секогаш крапот во овој период се мрести во плиткото, така што тој дел привремено ќе го ставиме со забрана, додава Димитров.

Според Димитров интересот за риболов на браната е солиден, за што потврда е дека досега се издадени 70 годишни дозволи, а дополнително заинтересираните набавуваат и дневни дозволи во двете риболовни продавници во градот и на рецепцијата на хотелот “Гратче“.

Инаку од СРЗ “Кочански рибар“ планираат годинава да се изврши уште едно порибување со крап, што би се реализирало во декември, со што ќе се исполни планот за две такви активности годишно, како и едно порибување со пастрмка во текот на есента.

T. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code