Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protest zona triko03.04.2017  250 работници од фабриката “Зона Трико“ од Виница повеќе од една година чекаат да ги добијат платите за околу осум месеци колку што работеле минатата година.

Во неделата претпладне излегоа на протест затоа што на трансакциските сметки им била исплатена нето плата од по 1 денар и тоа само за четири месеци. Последниот целосен надоместок го примиле во јануари минатата година, а во септември им било кажано да не доаѓаат повеќе на работа.

- Од февруари бел денар немаме земено, за февруари имаме денар, за март денар, мислам дека и за април или јуни, вкупно 4 денари, каде го има тоа... Да мине цела плата, на пример 15 илјади, а на трансакционата сметка да добиеш 1 денар, тоа законски ли е, на прво место.

Ние ќе поттикнеме, и законски и кривично нека се одговара за тој денар, каде постои тоа, рекоа работниците од “Зона Трико“.

Од раководството на фирмата повеќепати им било ветувано дека ќе ги добијат парите, но досега тоа не се случило, па некои поднеле тужби, а други сакаат да продолжат со работа.

- Пред 30 години имам дојдено и не сакам да се расправам со тужби, со тие работи. Јас сакам чесно платите да си ги земам и како што му верувавме сакам да продолжи фирмата да работи, да се собереме сите како што работевме и пензии да си начекаме од тука, рече работничка.

Работниците се чудат зошто инспекциските органи до сега не презеле мерки, иако повеќепати ги информирале за состојбата во фабриката.

- Сакаме да прашаме, каде се надлежните институции, каде е УЈП, каде е трудовиот инспектор... Јас сум осум години тука, кај нас, во плетење, инспектор не влегол. Работевме во ненормални услови, буквално ненормални, во секоја смисла на зборот, инспекција не сме виделе, рекоа работниците во “Зона Трико“.

Со оглед што беше неработен ден, во “Зона Трико“ немаше никој од раководството, па не бевме во можност да добиеме информација дали ќе бидат исплатени целосните нето плати. Во меѓувреме, дел од вработените веќе побарале ангажман во други фирми, а повеќето се пријавиле во Агенцијата за вработување.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 96 гости и нема членови


web counter



qr code