Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka dimitar vlahov104.04.2017  Голема материјална штета и потешко повредено лице е епилогот од сообраќајната несреќа што околу полноќ се случила во централното градско подраје на Кочани.

Според информацијата од Сeкторот за внатрешни работи, во кочанската полициска станица во 00,10 часот било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ се случила сообраќајна незгода со потешки последици.

Увидна екипа излегла на местото на настанот и утврдила дека 27-годишниот Д.А. од Кочани управувајќи патничко моторно возило „ауди А3“ со кочански регистарски ознаки излетал од коловозот и удрил во ѕид од куќа во која имало трговски објект - бутик.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во болницата во Кочани, а поради сериозноста на повредите Д.А. бил пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Од полицијата не излегуваат со детали околу причините за несреќата, но претпоставка е дека влажниот коловоз од дождот што паѓал во критичниот период, како и неприлагодената брзина на движење на возилото имале влијание за сообраќајката.

Увидот што го направила екипата од Полициската станица треба да ги разјасни околностите поради кои автомобилот удрил во ѕидот.

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

soobrakajka dimitar vlahov2

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code