Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

belo zlato protest04.04.2017  Исплатата на субвенциите доцни како никогаш до сега, со што во прашање е доведено земјоделското производство во целата држава.

Незадоволството на земјоделците е оправдано и тие се ставени во голема неизвесност како да обезбедат основна егзистенција, а уште повеќе како да се подготват за претстојната сеидба на оризот.

Ова меѓу другот беше речено на прењс конфренцијата што ја органзиираше Здружението на оризопроизводители “Бело злато“ од Кочани, на која беше побарано субвенциите да се исплатат во што пократок период.

- Како и обично, од Платежната агенција и од Министерството за земјоделие и Министерството за финансии останавме дебело излажани, изманипулирани. Греовна е сликата на редици, односно колони од изнамачените души, земјоделци, пред банкоматите на комерцијалните банки. Страшно, се гледа дека земјоделците го трошат последното трпение од власта што ги излажа. Затоа бараме брзо формирање Влада и што побрзо исплаќање на субвенциите за да може да се изработи кочанското поле, рече Зоран Борисов од Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Кочанските оризопроизводители рекоа дека даваат поддршка на протестите што ги организираат другите земјоделски здруженија во Македонија, затоа што нивните барања се идентични со оние на земјоделските производители од нашиот регион.

- Ние даваме поддршка на сите кои што протестираат на ниво на Република Македонија. Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Штип, Куманово, Битола, секаде. Во координација со нив, понатамошните чекори ќе ги изнесеме во јавноста. Следен чекор е блокада на патот Кочани - Делчево - Бугарија доколку нема исплата на субвенциите уште одма. Сметајќи од 2012 година до 2016 немаме земено дел од земјоделците субвенции, еден мал дел имаат, но тоа е процентуално занемараливо, додаде Борисов.

Борисов рече дека покрај тоа што немаат пари за да ја започнат новата сеидба, оризопроизводителите се соочени и со недостаток од вода за наводнување, па целото производствот на ориз во претстојната сезона доаѓа во прашање. Ако не се исплатат субвенциите, според него, повеќе од сигурно е дека земјоделците од кочанскиот регион ќе се приклучат на протестите на своите колеги од целата држава.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code