Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

niva izorana05.04.2017  Нема да се реализираат планирањата за проширување на површините што требаше да се засеат со ориз. Големиот недостиг од вода за наводнување има директно влијание хидросистемот “Брегалница“ да не може да ги обезбеди потребните количини.

На прес конференција во водостопанската подружница во Кочани беа соопштени деталите околу промената на годишниот план за наводнување, односно драстичното намалување на полињата на кои оваа сезона требаше да се сее ориз.

- Од предвидените 5.100 хектари, што ги имавме зацртано за оваа година и со кои можевме да се пофалиме, бевме цврсто убедени дека ќе ги постигнеме, но на наша страна не беше времето. Можевте сите да забележите дека оваа година, уште од есента, цела зима и сега ушпорно се работи ан сите места во полето, се исчисти и тоа што не беше исчистено со години, се спремаат полиња што беа заборавени во минатото за да ги пуштиме со ориз, но за жал не ни се исполни нашата желба и желбата на земјоделците. Морам да го кажам ова со болка, затоа што со ова губиме ние како Водостопанство, земјоделците, а пред се Источна Македонија. Сите ние губиме поради оваа работа. Од вкупната вода во браната Калиманци, околу 65 милиони метри кубни, 35 милиони беа во останати од лани. Значи, севкупно, со целиот снег и со дождови што паѓаа, ако може да се каже дека паѓаа, само се надополнија 30 милиони. Поради сето ова го направиме овој план, иако морам да истакнам дека скративме некаде околу 2000 и нешто хектари, а треба да скратиме уште 600. Тоа би значело дека, со овие скратени полиња, во моментот, ние се уште не сме добри, се уште ќе имаме проблеми во текот на годината, рече Николчо Гоцев, директор на водостопанска подружница “Брегалница“.

Гоцев рече дека ако временските услови останат како до сега, можно е и во периодот на вегетација да има рестрикции во водоснабдувањето, односно полињата да не добиваат вода во текот на целиот период. За таквите активности ќе се изготви дополнителен распоред за што земјоделците навремено ќе бидат информирани.

На прес конференцијата поединечно, по катастарски општини беа посочени полињата што нема да се сеат со ориз.

- Во КО Кочани под ориз нема да се сеат следните површини: Босевица, Студена Вода, Средорек, Бел Камен, Средно Поле и Лака, додека во КО Горни Подлог нема да биде под ориз Горни Лаки, Пазарски Пат и Сува Кукудина, во Долни Подлог нема да биде под ориз Самарџиски Врби, Теранско Полеи Стари Оризи, и во делот на Мојанци нема да бидат под ориз Лака и Ормански Ливади, рече Јане Атанасов од водостопанската подружница “Брегалница“.

- Во Оризарско Поле во подсистемот Брегалница, во 2017 година ќе бидат одбиени полињата во КО Истибање - Долно Поле, во КО Оризари таканареченото Мало Поле, кое ги опфаќа полињата Куново, Дренска Вада и Црвени Срп. Во Прибачево ќе биде одбиено полето Бавчи, во Грдовци ќе биде одбиено Утрините, тоа всушност требаше оваа година прв пат да се пушта после 10-15 години, меѓутоа поради хидролошката состојба останува да биде к`рско, и во Грдовци исто така се одбиваат Стришко, Чуката, Мало Поле и дел од Долно Каршиово, рече Станче Стефанов од водостопанската подружница “Брегалница“.

Од водостопанската подружница ’Брегалница“ рекоа дека детални информации за тоа кои полиња нема да бидат опфатени со ориз земјоделците ќе можат да добијат на огласните табли во населените места и во Месните заедници. Исто така, и медиумите дополнително ќе информираат за површините што нема да се наводнуваат во останатите катастарски општини.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code