Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

skolo grdovci30.08.2013  Земјоделска механизација и неуреден двор ќе ги дочекаат учениците во Грдовци на првиот ден од новата учебна година.

На секој ќош во училишниотг двор се забележуваат плугови, рала, тракторски приколки и коњски коли натоварени со сено, оставени во околината како грда слика на несовесноста. Освен тоа тие можат да бидат и потенцијална опасност за најмладите за време на одморите меѓу часовите.

Прашањето за комуналниот ред во дворот на подрачното училиште “Никола Карев“ се најде како забелешка и на советниците, кои побараа проблемот навремено да се реши.

- Неколку пати е интервенирно, знам и од комуналните редари, меѓутоа мораме да изнајдеме некое решение, таму се паркирани плугови, дрлачи, се и сешто од половина село и не можеме да се разберерме со тие луѓе. Сега ќе почне учебната година и тоа е потенцијална опасност за децата. Мислам дека треба да се презeме акција за тоа да се отстрани од таму. Исто така и луѓето си отвориле влезови накај училиштето и си поминуваат со секакви возила и со камиони и никако не можеме да се справиме со нив, рече Слаѓана Донева, член на Советот на Општина Кочани.

Од Одделението за комунални работи се оградија од одговорност за состојбата во која се наоѓаат овој, но и другите училишни дворови во општината.

- Самите училишта треба да се грижат за комуналната хигиена и редот во своите училишни дворови. Меѓутоа, бидејќи се работи за добро на дечињата, Општината секогаш излегува во пресрет на овие пријави и кога има вакви проблеми ги решава, рече Дивна Цековска, раководител на Одделението за комунални работи.

Дворот на подрачното училиште во Грдовци има два приода, па населението не ретко го користи како помошна сообраќајница за поминување од едниот на другиот крај од селото. Тоа ја загрозува безбедноста на децата, а од друга страна се оштетуваат и спортските терени што се користат за наставата по физичко воспитување.

Т. Ајтовски

Сподели

skolo grdovci3skolo grdovci4skolo grdovci6skolo grdovci2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code